Индустриските нарачки во Германија, кои се главен показател за побарувачката на стоки во водечката европска економија, во 2019 година бележат најлоши резултати за изминатите десет години.
Најновите податоци на Федералниот завод за статистика на „Дестатис“ укажуваат дека индустриските нарачки се намалиле за 2,1% на месечно ниво во декември, и покрај предвидувањата на економистите дека индустриското производство ќе закрепне на крајот на минатата година.
Нарачките во странство се намалија за 4,5% во однос на ноември 2019 година, додека новите нарачки од Еврозоната паднаа за дури 13,9% во исто време.
Целокупниот пад на нарачките во текот на претходните 12 месеци беше 8,7%, понизок а аналитичарите анкетирани од „Ројтерс“ предвидоа дека овој показател ќе се зголеми малку во декември, пренесува „Фајненшал тајмс“.
Германските бизнисмени предупредуваат дека епидемијата на коронавирус дополнително го влоши сегашниот негативен тренд во извозно ориентираниот економски џин, која исто така е под влијание на трговската војна меѓу Вашингтон и Пекинг.
Економскиот раст на еврозоната во претходната година беше 1,2%, што е најниско ниво во изминатите шест години, откако економиите на Франција, Италија и Германија неочекувано го поткопаа растот на БДП.
Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк