Бизнис климата во Македонија е оценета како добра или многу добра од страна на германските компании кои дејствуваат кај нас. Според анкетата за деловна клима на германското стопанство во државава сепак околу 70% од германските инвеститори реагираат дека има недостиг од квалификувана работна сила која директно влијае на тековното производство.
За новогодишни желби иако е прилично рано, германските инвеститори до Владата апелираат продолжување на отворениот дијалог, консултации пред да се донесат законски измени кои би влијаеле врз нивното работење, зголемување на ефикасноста на администрацијата и завршување на инфраструктурните проекти. Инвеститорите досега не пријавиле никаков случај за мито и корупција, акцентот го ставаат на административните процеси кои се пролонгираат.
Некои процеси многу се пролонгираат, како на пример вадењето работни дозволи за странци, други типови на дозволи кои се потребни за компаниии, каде без конкретен одговор не знаеме зошто одлуката е донесена, не знаеме зошто сме одбиени, не знаеме зошто тој проес трае и нема решение. Затоа она што го посакуваме и препорачуваме е зголема дигитализација заради зголемена транспарентност. Кога процесите се транспарентни, тогаш тоа е првиот клуч да се избегне корупција.
Минатата година, Германија и Македонија имале трговска размена во висина од 5,13 милијарди евра или зголемување од речиси 7% во споредба со 2022 година. За зголемениот раст на ивестициите одговорни се германските инвеститори кои реинвестирале.
Најголемиот предизвик е демографскиот развој во Македонија, ние во Македонија немаме веќе млади луѓе. Многу малку деца се раѓаат, тие што се образовани ја напуштаат земјата, почнаа и необразовани кадри да ја напуштаат земјава. Тој егзодус на луѓе, таа бела чума е најсериозен проблем и нешто што ќе мора да се адресира од било која Влада во Македонија.
Од целокупното истражување и спроведената анкета целиот регион е атрактивен, но сепак Северна Африка станува поатрактивен регион за инвестиции. Додека пак, рецесијата во Германија за Македонија и за другите земји влијае позитивно, така што производниот процес се префрла тука и Македонија како и останатите земји можат да профитираат. Проценката е дека и во иднина производството ќе продолжи да се насочува на овие простори.