Германскиот автомобилски гигант Дајмлер планира да укине 15.000 работни места, значително повеќе од првично планираните, да ги намали трошоците и да мине низ тешкиот период во автомобилската индустрија, јавуваат германските медиуми. Главниот извршен директор Ола Каелениус треба утре да го објави кратењето на работни места, паралелно со објавувањето на деловните резултати, пишува деловниот весник „Ханделсблат“, повикувајќи се на неименувани извори во компанијата.
Компанијата ќе се обиде да го намали бројот на вработените нудејќи им им отпремнина, односно предвремени или делумни пензии. Тие имаат за цел да ги намалат трошоците за повеќе од 1,4 милијарди евра, со оглед на тешката состојба во германскиот автомобилски сектор, додава весникот. Досега луксузниот производител на автомобили од Штутгарт, во сопственост на Мерцедес-Бенз, планираше да намали 10.000 работни места. Дајмлер одби да го коментира извештајот на Ханделсблат.