Германскиот извоз оваа година, е на добар пат да постигне рекордно високо ниво и покрај скандалот со Volkswagen и забавувањето на растот на најголемите економии во развој во светот.
Извозот од најголемата економија во Европа оваа година треба да се зголеми и до шест проценти и да достигне рекордни 1.200 милијарди евра, објавија од водечкото германско здружение на извозници и трговци на големо (BGA).
Како дел од најновите проекции, објавени во вторникот, здружението ги ревидираше предходните проценки од 4,5 проценти за раст на извозот оваа година.
Остриот пад на цените на нафтата и лабавата монетарна политика на Европската централна банка (ЕЦБ) се клучните двигатели на побарувачката во најголемите германски трговски партнери во еврозоната, изјави челникот на здружението Anton Boerner.
Германски увозот се очекува да се зголеми за четири проценти оваа година, исто така да го достигне рекордни 947 милијарди евра предвидуваат од здружението.
Boerner се осврна и на скандалот со Volkswagen, оценувајќи дека веројатно нема да предизвика долгорочна штета на имиџот на Германија како производител на квалитетни производи.
“Не гледам долгорочни негативни последици по извозот од софтвер скандалот на VW со кој ги лажираа податоците за реалните емисии на штетни гаспви”, изјави Boerner.
“За среќа, германската економија не е само еден голем производител на автомобили, има и голем број на мали и средни претпријатија, кои не се засегнати од скандалот”, додаде тој.
Во првата половина на оваа година, германскиот извоз се зголеми за 6,9 проценти и покрај загриженоста за забавувањето на водечките економии во развој, вклучувајќи ги Кина и Латинска Америка.
Boerner изрази загриженост во однос на економската перспектива на Кина, додавајќи дека ситуацијата во Русија е катастрофална поради украинската криза.
“Ќе бидат потребни години, можеби децении, за да се обнови оштетената довербата во односите со Москва”.