БЕРЛИН (Ројтерс) – Министерот за надворешни работи, Хаико Маас, за време на своето патување во Пекинг рече дека е добар сигнал што Кина сака да ги отвори своите пазари понатаму, објави германското Министерство за надворешни работи на Твитер.
Министерството го цитираше Маас: “Ние со внимание ја следевме најавата за интересот на Кси Џинпинг (кинескиот претседател) дека сака понатаму да ги отвори пазарите на Кина. Тоа е добар и точен сигнал”.