Горниот дом на германскиот парламент, Бундестатот, даде зелено светло за плановите на идната влада која ќе овозможи повеќе трошоци за одбрана.
Историскиот пакет од стотици милијарди евра, за кој е потребен уставен амандман, бил одобрен со двотретинско мнозинство од 53 гласови во Бундестатот, објавија западните медиуми.
Предлогот бил изгласан во вторник во долниот дом на парламентот, Бундестагот.
Планот, изготвен со социјалдемократите, идните сојузници на конзервативците во следната влада, е револуција за Германија.
Лидерот на конзервативците и иден канцелар Фридрих Мерц ги опиша новите мерки како “прв голем чекор кон нова европска одбранбена заедница” која ќе вклучува “земји кои не се членки на ЕУ”, како што се Велика Британија и Норвешка.
“Од денешната одлука зависи нашата способност да се одбраниме од нападите, не само во наредните години, туку и во децениите што доаѓаат”, изјавил Мерц во вторник.