Германските компании, првенствено во индустрискиот и во трговскиот сектор, планираат да ги намалат работните места, објави економскиот институт Ifo во последното издание на своето месечно истражување, објави ДПА.

„Пазарот на трудот е тесен“, рече Клаус Вохрабе, директор за истражување во влијателниот институт.

Индексот на пазарот на трудот според Ifo, кој ги покажува плановите на економијата да вработува или отпушта работници, во јануари изнесуваше 93,4 поени. Кога има 100 поени тоа значи дека нема да има промена. Индексот во последните години е во надолен тренд, со одредени осцилации.

Во секторите на економијата, компаниите од услужниот сектор, туризмот и угостителството покажаа мал интерес за вработување. Најголем број отпуштања се планираат индустријата и трговијата, а нешто помалку во градежништвото.

Основа за пресметување на индексот е обемниот прашалник кој Ifo го испраќа до повеќе од 9.000 германски компании од сите сектори на економијата. Прашалникот ги разгледува плановите на работодавачите за следните три месеци.