На Г20 Самитот на најмоќните држави кој следната недела ќе се одржува во Буеност Аирес, Аргентина, употребата и злоупотребата на криптовалутите како што е најпопуларниот биткоин ќе биде една од главните теми на финансискиот дел.
Оваа агенда ја форсира Јапонија која сака целосно да се регулира начинот на кој се користат криптовалутите со надеж дека ќе успее да издејствува поголема контрола над биткоинот и сличните електронски платежни средства во перењето на пари и финансирањето на криминални активности.
Јапонија се надева дека ќе ги убеди останатите земји учеснички на самитот да донесат регулативи кои ќе ги преточат во конкретни акции овие замисли за поголема контрола врз криптовалутите, за со тоа би ги заштитиле и самите инвеститори и корисницини.
Останува да се види какви ќе бидат агендите на останатите најмоќни земји и како тие ќе пристапат кон криптовалутите како предизвик на модерниот финансиски и монетарен систем