Тричлена делегација од Ревизорското тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош од Република Македонија, предводена од Адем Цури, главен ревизор за ИПА денеска и утре престојува во посета на Европскиот суд на ревизори во Луксембург.
Целта на посетата е да се зајакне соработката помеѓу Ревизорското тело за ИПА во Република Европскиот суд во областа на ревизијата на европските фондови.
Планирани се средби на Цури со шефот на кабинетот на финскиот член на Европскиот суд на ревизори, Туро Хентила, со раководителот на Директоратот на комитетот за контрола на квалитетот на ревизијата во Европскиот суд на ревизори Јаши Брајт и со раководителот на Комората три – надворешни активности, Денис Вернер, под чија надлежност е ревизијата на европските фондови што ги користи Република Македонија преку ИПА.
За време на посетата Цури ќе се сретне со Хану Такула, финскиот член на Европскиот суд на ревизори.