TTK Банка АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза, дека г-н Глигорие Гоговски, Претседателот на Надзорниот одбор, се стекна со нови 3.000 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје.

 

Откако претходната недела г-н Глигорие Гоговски купи 1.000 акции од ТТК Банка, со оваа нова своја инвестиција, тој се повеќе го зголемува влогот во Банката, каде што вкупниот број на акции во моментов изнесува 907.888 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 900,00 денари.

Дали со овие вложувања на менаџментот, можеби се најавува раст на ТТК Банка во банкарскиот сектор на Р.Македонија!?