Агенцијата МАПАС и пензиските друштва активно продолжуваат со едукативни активности во текот на месец март кои се поврзуваат и со одбележувањето на Глобалната недела на парите 2024, осврнувајќи се на овогодинешната тема: “Заштити ги твоите пари, обезбеди ја твојата иднина”.
Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС, продолжува континуирано со своите едукативни активности за младите и во текот на месец март и Глобалната недела на парите 2024, во соработка заедно со пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво ад. Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје ќе спроведат повеќе активности за подигање на финансиската свесност за потребата од континуирана финансиска едукација со цел носење на правилни финансиски одлуки и успешно управување со личните финансии и фамилијарниот буџет. Високата финансиска свесност е основа за носење на правилни финансиски одлуки кои влијаат на квалитетот на животот и обезбедување на финансиска сигурноста и посигурни пензионерски денови во иднина. Познавањето на предностите на долгорочно штедење и правилното инвестирање е клучот на сигурност во иднината и за тоа, нашата цел е насочена кон едукација на граѓаните но и младите од најрана возраст за придобивките и можностите на задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување.
Едукативната кампања на тема “Заштити ги твоите пари, обезбеди ја твојата иднина” се фокусира на потребата од подигање на свесноста за правилното планирање и долгорочното штедење на личните финансии уште од најрана возраст и јакнење на свесноста за обезбедување на посигурни пензионерски денови.
Едукативните активности во текот на месец март и за време на Глобалната недела на парите годинава главно ќе се одвиваат преку спроведување на ликовен конкурс за деца на возраст од 4-14 годишна возраст, едукативни предавања со физичко присуство и објави на едукативни материјали на интернет-страниците на институциите и социјалните мрежи. Предавањата ќе бидат наменети за учениците од средните училишта и факултетите од нашата земја на теми од областа на финансиите и пензискиот систем со посебен осврт на капитално финансираното пензиско осигурување.
Почетокот на едукативната кампања ја започнуваме на 04.03.2024 година со објавување на ЛИКОВЕН КОНКУРС за сите деца кои се државјани на Република Северна Македонија на возраст од 4 до 14 години како едукативна активност за одбележување на “ГЛОБАЛНАТА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ 2024”.
Повеќе информации за едукативните активности на страната: https://penzija.mk/