Според предвидувањата, глобалниот долг достигна 277 трилиони долари до крајот на 2020 година.
Стравот од должничка криза тежи се повеќе во светот, потсетуваат светските медиуми. Економските последици од кризата со коронавирусот принудија многу влади да се свртат кон пазарите на капитал за да ги финансираат своите буџетски дефицити како резултат на пандемиските мерки. Вакцините даваат надеж за подобра контрола на ширењето на коронавирусот, но проблемите не завршуваат тука, велат аналитичарите.
Токму кога сеќавањето за должничката криза во Португалија по финансискиот стрес од 2008-2009 година започна да бледнее, затворените продавници и кафулиња предизвикаа страв од нејзино враќање, пишува Фајненшл тајмс. Лисабон беше една од престолнините што преземаше најстроги мерки за справување со презадолженоста на владата, и заедно со Рим и Атина, стана симбол на неправилна политика на прекумерно трошење, а потоа и на досега невидена политика на штедење, наметната од доверители и програми за спасување. Сега ситуацијата е поинаква – трошењето не е дефинирано како „прекумерно“, туку како „потребно“ за да се спаси економскиот живот и полесно да се надмине рецесијата предизвикана од рестриктивните мерки против Ковид-19. Но, ова има своја цена – нов пораст на долгот, што не треба да претставува сериозен проблем за релативно здравите економии пред корона кризата, но за јужните економии со хронични симптоми може да биде почеток на нова тешка криза. Аналитичарите ја посочуваат Шпанија и на „старите познаници“ со должнички проблеми, но тие не пропуштаат да предупредат на можна криза во Франција.
Аналитичарите велат дека долгот надвор од Европа исто така мора да се внимава, со фокус на Вашингтон. Освен во САД, проблемот станува посериозен во Канада, Велика Британија, Јапонија и, се разбира, во Кина. Ситуацијата во сиромашните африкански земји, како и во некои земји во Јужна Америка, останува многу загрижувачка, додаваат експертите. Во бројки – предвидувањата се дека глобалниот долг достигна 277 трилиони долари до крајот на минатата година или 365% од светската економија.