Глобалниот долг се зголеми за 10 трилиони долари во првата половина од годината и достигна нов рекорд од 307 трилиони долари, според Институтот за меѓународни финансии (IIF) со седиште во Вашингтон. Споменатата сума претставува 336 отсто од глобалниот БДП, наведува ИИФ.
Во својот извештај за динамиката на глобалниот долг (државен, корпоративен, финансиски и домаќинство) за првата половина на 2023 година, Институтот, исто така, забележа дека пред само десет години, глобалниот долг бил помал за 100 трилиони долари.
Најголем дел од растот на глобалниот долг годинава е резултат на зголеменото задолжување во големите развиени земји – САД, Јапонија, Велика Британија и Франција. ИИФ посочува и на забележителни зголемувања на долгот во водечките светски економии во развој, Кина, Индија и Бразил.
„Наглото зголемување на инфлацијата беше главниот фактор за остриот пад на односот долг кон БДП. Очекуваме дека до крајот на годината глобалниот долг ќе достигне 337 проценти од светскиот БДП“, посочуваат од ИИФ.