Женева(Ројтерс) – Глобалната плата се зголеми за 1,8 отсто во 2017 година, пад од 2,4 отсто за разлика од 2016 година и најспорота стапка на пораст од глобалната финансиска криза во 2008 година, објави Меѓународната организација на трудот во својот двегодишен извештај за глобалните плати денес (понеделник).
“Она што сега е широко прифатено е дека бавното зголемување на платите стана пречка за постигнување на одржлив економски раст”, пишува во извештајот на генералниот директор на МОТ, Гај Рајдер.
Во изминатите 20 години просечните реални плати речиси тројно се зголемија во земјите во развој на Г-20, но тие се зголемија за само 9 отсто во напредните земји од Г-20, соопшти МОТ.