Дивидендите достигнаа рекордни 1,25 илјади милијарди долари во 2017 година – објави Ројтерс. Причината е заживување на економијата на глобално ниво и зголемената доверба во развојот на корпорациите.
Според аналитичарите од „Janus Henderson Group“ е дека трендот ќе продолжи и во 2018-та година.
Растот на дивидендите, еден од најсилните од 2014-та година, е поттикнат од растот во речиси сите региони и индустрии, особено во водечките економии – САД, Јапонија, Хонг Конг, Швајцарија и другите.
Во 2018-та година, најверојатно, растот ќе остане меѓу 7 и 8 отсто, бидејќи економскиот раст и корпоративниот развој остануваат на високо ниво, иако финансиските пазари покажуваат знаци на нестабилност. Очекувањата на „Janus Henderson Group“ се дека оваа година ќе се распределат дивиденди од околу 1,35 илјади милијарди долари.
„Компаниите имаат зголемена заработувачка и здрави парични текови што ќе им овозможат да платат дивиденди“, рече Бен Лофтус, директор на „Janus Henderson Group“.
Меѓу компаниите кои дале најмногу дивиденди во 2017-та година се „Royal Dutch Shell“, „China Mobile“, „Exxon Mobil“, „Apple“ и „Microsoft“.
Аналитичарите, сепак, се помалку оптимисти за Европа. Дивидендите дистрибуирани во 2017-та година се 227 милијарди долари, или 1,9% повеќе од претходната година. Причината е намалување на плаќањата од страна на големите компании во Франција и Шпанија, како и послабото евро во втората половина на годината.
Ниската вредност на британската фунта, исто така, ги ограничува плаќањата на акционерите, но генерално ситуацијата на „Островот“ се компензира со големите дивиденди што ги плаќаат рударските компании.