Со единаесеттото и последно извлекување од наградната игра „Биди VISA милионер“ денеска го извлековме добитникот на главната награда од 1.000.000 денари.
Наградната игра заврши на 31.12.2019 и во игра беа речиси 2.400.000 трансакции направени со 150.000 дебитни и кредитни VISA картички со што среќата на добитникот на главната награда добива повеќе на вредност.
Антон Ф. со ID 9782 од Скопје е добитникот на 1 МИЛИОН ДЕНАРИ, кој во текот на денот ќе биде контактиран од страна на вработените во Контакт центарот по што ќе можеме да пристапиме кон доделување на наградата.
Преостанатите добитници од првите 10 кола се:
- 25.10 – добитник на 75.000 денари е Елена. К. со ID 437548
- 01.11 – добитник на 75.000 денари е Дарко П. со ID 2751429
- 08.11 – добитник на 75.000 денари е Звонко Н. со ID 8519
- 15.11 – добитник на 75.000 денари е Славе Р. со ID 2183696
- 22.11 – добитник на 75.000 денари е Александра Ч. со ID 2285239
- 29.11 – добитник на 75.000 денари е Рубинчо П. со ID 446925
- 06.12 – добитник на 75.000 денари е Силванка Ф. со ID 1154290
- 13.12 – добитник на 75.000 денари е Весна Н. со ID 813754
- 20.12 – добитник на 75.000 денари е Џелал Ш. со ID 1892123
- 27.12 – добитник на 75.000 денари е Деанче Р. со ID 1928961
Им благодариме на сите учесници и наши лојални клиенти. Банката продолжува да создава производи, услуги, промоции и акции со кои ќе ја наградува лојалноста и ќе придонесува кон поголемо задоволство од користењето на платежните картички.
VISA e првиот картичен бренд воведен од страна на Стопанска банка АД – Скопје и продолжува да биде синоним за доверлив партнер за располагање со средствата, односно за безбедни плаќања во трговијата ширум светот како и во електронската трговија.