Исклучително одговорен пристап од сите колеги во владата. Вака министерот за финасии ја соопшти како што рече добрата вест на Форумот 100 дена влада – дека јавниот долг во првиот квартал од годинава се намалил на 57,1 % од Бруто домашниот производ и заслугата ја препиша на Владата. Кажа и дека тоа отвора простор од дополнителни 454 милиони евра за справување со кризата и буџетскиот дефицит кој ќе расте.

Имаме добра вест. Годината ја завршивме со 60,8 посто јавен долг што е пониско за 1 процент од колку што беа проекциите. Тоа е 31.12.2021. На 31 март 2022 година јавниот долг е 57,1 % од бдп.тоа се 3,7 процентни поени пониско од тоа што беше во Декември. Претворено во пари тоа се 454 милиони евра дополнителен финансиски простор за ова што следи во текот на годината. Исклучително одговорен пристап од сите колеги во владата, рече Бесими на форумот 100 дена влада.

Но според експертите всушност високата инфлација, го изеде јавниот долг. Тоа не е случај само за нас, туку е позитивно за сите земји каде инфлацијата расте. Или пластично инфлацијата ја намалува реалната вредност на парите- со исти пари може да се купи помалку. Истото се случува и со долгот – има ист износ на долг кој помалку вреди.

Инфлацијата сепак има една позитивен ефект има една позитивна страна. А тоа е што ги јаде долговите. И поради тоа што сега има повисоки инфлации и оваа година и наредните годни се очекува да има малку повисока инфлација одколку претходно тоа значи дека јавниот долг малку ќе се намали. И во услови на инфлација тој им дава простор секогаш на државите да се задолжуваат малку повеќе затоа што јавниот долг ќе се намали од страна на инфлацијата. Тоа е да кажеме една позитивна во целава приказна тоа што имаме инфлација и таа инфлација ќе го намали јавниот долг, смета Бранимир Јовановиќ од Виенскиот Институт за Меѓународни Економски Студии.

Јовановиќ вели дека практично ние должиме исто пари номинално, односно уште должиме 7 милијарди евра како претходно, но тоа е помал процент од нашиот БДП зошто инфлацијата го зголемила номиналниот БДП поради повисоките цени. Или пластично ако јавниот долг е 7 милијарди евра, а номиналниот БДП е 10 милијарди – значи дека задолженоста е 70%, но ако има инфлација од 10 %, номијналниот БДП ќе стане 11 милијарди евра, но задолженоста ќе се намали на 64 проценти од БДП.

Она што го објаснија експертите доцна попладнево го обаајви Министерството за финансии. Јавниот долг заклучно со март годинава е 57,1 процент од БДП како што кажа Бесими, но во сума тое 7 милијарди 170 милиони евра, или 35 милиони евра повеќе од крајот на минатата година кога беше 60,8 % од БДП

Министерот Бесими пак не откри дали е точна информацијата дека земјава ќе се задолжи со 900 милиони евра кај ММФ. Само кажа дека инструментот за кој се разговара во моментов со Фондот е за земјите со здрави економски политики.

Александра Филиповска