Во март 2023 година, гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, е остварен месечен раст од 0,9 отсто и 0,8 проценти, соодветно, при годишен раст од 6,2 отсто и 11,7 проценти соодветно.
– Автомобилските кредити, овој месец, се намалени за 0,5 отсто на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени за 9,9 проценти. Во март, кредитите одобрени на кредитни картички бележат месечен и годишен раст од 0,4 отсто и 0,5 проценти, соодветно, додека кај негативните салда на тековни сметки е забележан месечен раст од 0,5 отсто, при годишен пад од 0,2 отсто. Кредитите одобрени врз други основи, во март, се пониски за 2,1 отсто на месечна основа, додека на годишна основа се намалени за 16,1 проценти – соопштија од Народна банка.
Во март, кредитите на домаќинствата се зголемени за 0,8 отсто и 6,8 проценти на месечно и годишно ниво, соодветно. Од Народна банка објаснуваат дека нагорната месечна и годишна промена произлегува од растот на кредитите во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во странска валута.