Годишната инфлација во еврозоната се намали, но падот е помал од очекуваниот. Од декемвриските 2,9, во јануари Евростат измери пораст на трошоците за живот за 2,8 отсто. Цените на енергенсите паднаа за 6,3 %, но храната, алкохолот и тутунот поскапеа за 5,7 осто. Цените за услугите се зголемија за 4%, а кај индустриските прозиводи за 2 осто.
Најголемата европска сила – Германија забележа годишна стапка на инфлација од 3,1%, а Франција 3,4. Аналитичарите предвидуваа дека јануарската инфлација ќе биде пониска, однoсно околу 2,7 отсто, заедно со очекувањата дека Евроспакатa Централна банка ќе почне со намалување на каматите напролет.
Сепак, официјалните лица на ЕЦБ се претпазливи со изјавите за пад на каматите, особено по одлуката на ФЕД да ги задржи на исто ниво. Првиот човек на Федералните резерви на САД, Џером Пауел изјави дека не е во ред да се намалат каматите додека не бидат сигурни дека инфлацијата ќе се движи околу 2 отсто.
Веруваме дека нашата рефертанa стапка го достигна врвот за овој циклуs на затегања и ако економијaта се развива според очекувањата, веројатно ќе биде во ред да почнеме да ја повлекуваме политикатѕа на ограничување во некој момент оваа година, изјави Џереми Пауел, ФЕД
По одлуката на ФЕД и извештајот на ЕВРОСТАТ ,и американсите и евроспките берзи потонаа во црвено. Инвестоторите се воздржаа од тргување, а раст заблежеа само цената на нафтата и доларот.