Годишната инфлација во еврозоната се искачи на 2,4 отсто во декември од 2,2 отсто во ноември, во согласност со претходната прелиминарна проценка и сега е на највисоко ниво во последните пет месеци, објави денеска Евростат.
Зголемувањето на инфлацијата е резултат пред се на базните ефекти, бидејќи големиот пад на цените на енергенсите од минатата година веќе не влијае на вкупната инфлација.
Цените на енергијата во декември пораснаа за 0,1 отсто на годишно ниво, откако паднаа за два отсто во ноември.
Инфлацијата во услужниот сектор благо забрза од ноемвриските 3,9 на четири отсто, додека цените на храната пораснаа за 2,6 отсто, забавувајќи се од ноемвриските 2,7 отсто.
Најниска годишна инфлација во декември е забележана во Ирска од еден процент, во Италија од 1,4 отсто, во Луксембург, Финска и Шведска со по 1,6 отсто, а највисока во Романија од 5,5 отсто, во Унгарија со 4,8 отсто и во Хрватска од 4,5 проценти.
Инфлацијата се зголеми во двете најголеми економии во еврозоната, Германија – од 2,4 отсто на 2,8 отсто и Франција, од 1,7 отсто на 1,8 отсто.
Годишната стапка на базична инфлација во еврозоната за декември изнесуваше 2,7 отсто, што значи дека не се променила во однос на ноември, пренесува Танјуг.