Годишната инфлација во Германија, која во ноември минатата година изнесуваше 5,2 отсто, во декември порасна на 5,3 отсто поради високите цени на енергијата и храната, достигнувајќи го највисокото ниво во последните 30 години.

Инфлацијата во просек изнесуваше 3,1 отсто на годишно ниво, што е највисока од 1993 година.

Германскиот сојузен завод за статистика (Destatis) ги објави конечните декемвриски и годишни податоци за 2021 година за поскапувањата.

Инфлацијата забележана во декември од 5,3 проценти е највисока од 1992 година (5,8 проценти). Инфлацијата во земјава порасна за 0,5 отсто на месечно ниво.

Цените на енергијата пораснале за 18,3 отсто на годишно ниво, додека храната пораснала за шест отсто, а услугите за 3,1 отсто.

Се наведува и дека инфлацијата во Германија минатата година во просек изнесувала 3,1 отсто, што е значително над два отсто што Европската централна банка (ЕЦБ) ги таргетираше за целата еврозона.

Според конечните податоци на Дестатис, годишниот индекс на потрошувачки цени (CPI) во Германија минатата година се зголеми за 2,6 поени во однос на 2020 година на просечни 3,1 отсто. Ова е забележано како највисока годишна инфлација од 1993 година (4,5 проценти).

Пред избувнувањето на пандемијата Ковид-19, инфлацијата беше 1,4 отсто во 2019 година и 0,5 отсто во 2020 година, првата година од епидемијата.

Без цените на енергијата, годишната инфлација во Германија беше 2,3 отсто во 2021 година.