Годишната инфлација во Русија во октомври достигна 6,59 отсто, покажуваат извештаите на Росстат и Министерството за економија, кои секоја недела го пресметуваат нивото на инфлација. Инфлацијата од почетокот на октомври е 0,69 отсто, а од почетокот на годината 5,39 отсто.
На 24 октомври Банката на Русија објави намалување на инфлаторните очекувања на Русите во октомври, додека во септември централната банка прогнозираше дека годишната инфлација ќе продолжи да расте во наредните месеци поради зголемениот притисок на цените, пренесува Ведомости.
Според проценката на Банката на Русија, годишната инфлација во тековната година ќе изнесува од шест до седум проценти. Во наредната година инфлацијата треба да падне на околу четири проценти и да остане на тоа ниво во иднина.
Централната банка на 15 септември ја зголеми основната каматна стапка за 100 базични поени на 13 отсто. Тоа беше трето последователно зголемување на стапката во два месеци. Претходно, во јули, стапката беше зголемена на 8,5 отсто, по што следеше непланирано зголемување во август на 12 отсто.
Потрошувачките цени во септември пораснале за шест отсто на годишно ниво, по 5,15 отсто во август. На месечна основа, забрзано е и инфлацијата, која во септември е забрзана за 0,87 отсто. Следниот состанок на Управниот одбор на централната банка на кој ќе се одлучува за основната каматна стапка ќе се одржи на 27 октомври.