Американската инвестициска банка Goldman Sachs во понеделникот објави дека планира да инвестира 750 милијарди американски долари во текот на следната деценија за да помогне во борбата против климатските промени.
Банката на својата веб-страница објави дека нејзина цел е износот од 750 милијарди долари до 2030 година да се насочи кон финансирање, инвестиции и советодавни активности во девет области поврзани со климатските промени и инклузивен раст на сиромашните.
Овие активности вклучуваат финансирање за чиста енергија, одржлив транспорт, прифатливо образование и производство на храна.
„Не постои само итна потреба да се дејствува, туку и силна деловна и инвестициска причина да се стори тоа. Фокусирањето на овие специфични цели ни дава увид на мерливи податоци, како што е количината на намалување на загадувањето и бројот на услужени лица, што можеме да ги следиме со текот на времето“, рече извршниот директор на Goldman Sachs, Дејвид Соломон.
Тој додаде дека финансиските институции мора да ги поддржуваат двигателите на промените и дека компаниите веќе не можат да ги третираат иницијативите за климата како „периферно прашање“.