Рускиот Сбербанк објави третина пониска нето-добивка во третиот квартал како резултат на загубата поврзана со продажбата на турската Денизбанк, најголемата филијала надвор од Русија, покажа деловниот извештај од најголемата банка на Русија.

Нето добивката во третиот квартал беше 156,1 милијарди рубљи (2,45 милијарди американски долари), што претставува намалување за скоро 32 проценти во однос на истиот период минатата година, покажаа деловните резултати.

Главната причина за падот на нето-добивката во третиот квартал беше продажбата на Денизбанк, што беше резултат на загуба од 74,7 милијарди руби, најмногу поради загуби во девизи, според руската банка.

Сбербанк ја продаде турската филијала на Емирати НБД Групација за 170,7 милијарди рубли (2,7 милијарди долари).

Исклучувајќи ја продажбата на Денизбанк, нето-добивката во третиот квартал би изнесувала 230,8 милијарди руби, што е за 6,3 проценти повеќе во однос на истиот период лани.

Нето приходите од камати паднаа за 1,5 проценти во третиот квартал во однос на истиот период лани и изнесуваа 353,9 милијарди руби.

Нето приходите од провизии и надоместоци се зголемија за 15,1 отсто на 130 милијарди рубли.

Во првите девет месеци од 2019 година, Сбербанк работеше со нето добивка од 633 милијарди рубли, што претставува намалување од од 3,4 проценти во однос на истиот период минатата година, покажува финансискиот извештај.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк