Голем дел од луѓето помлади од 35 години, во клучните пазари како што се САД, но и на светско ниво, се откажуваат од алкохолот – посочуваат некои истражувања. Тоа доведе и до пад на продажбата на „шампањско“ ширум светот, објави „Гардијан“.
Така, според податоците, минатиот јули француските производители на „шампањ“ наложиле помал откуп на грозје, откако продажбата падна за повеќе од 15 отсто во првата половина на 2024 година. Според „Комитетот за шампањ“ (Comite Champagne), исто така, испораките лани се намалени за 9,2 отсто во споредба со 2023 година.
Побарувачката по Ковид-пандемијата, се зголеми само во 2022., кога испораките достигнаа 326 милиони шишиња. Оттогаш, тој параметар се намалува. Во 2023. биле испорачани околу 299 милиони шишиња, што е намалување од повеќе од 8 насто. А следната, 2024 година се продале 271 милион шишиња.
Француските компании за „шампањско“, велат оти овој пад на испораките се случува поради загриженоста ширум светот за економијата и политиката, како и поради поевтините пијалаци на светските пазари.