Голема кражба на криптовалути: Хакерот не бараше пари, но му се нуди награда
Деновиве се појави вест за грабеж на 610 милиони долари во криптовалути од платформата Поли Нетворк.
Тоа беше прогласено за најголемиот грабеж ви историјата на децентрализираните финансии иако хакерот „злоделото“ не го стори за да ги земе парите за себе туку да ги натера Поли Нетворк да преземат безбедносни мерки.
Хакерот, г-дин Бела капа, израз што се користи за етички хакери, доби понуда за награда од Поли Нетворк во износ од половина милион долари затоа што им ги откри дупките во нивниот безбедносен систем и ги врати сите пари.
-Би сакал да им дадам совети за тоа како да си ја заштитат мрежата за во иднина да ги исполнуваат условите за управување со толкави суми, коментира г-дин Бела капа.