Во Калифорнија, новите регистрации на Tesla паднаа за 24% во вториот квартал, покажаа податоците на дилерите, што укажува на зголемени проблеми за производителот на електрични возила…
Високите каматни стапки и силната конкуренција доведоа до намалена побарувачка за електрични автомобили бидејќи купувачите се одлучуваат за поевтини хибридни автомобили.
Како што пишуваат информативните агенции, Model Y на Tesla сè уште е најпродаваниот модел во земјата, но пазарниот удел на производителот на автомобили во првата половина од годината падна на 53,4% од 64,6% во истиот период минатата 2023 година.
„Се чини дека клиентите повеќе не ги привлекуваат автомобилите на Теslа, односно не толку“, се вели во извештајот на Здружението на дилери на нови автомобили во Калифорнија.
Од друга страна, пазарниот удел на хибридните возила се зголеми на 13,4% во последните три месеци од 10,8% ,колку што изнесуваше во истиот период минатата 2023 година.
Електричните возила со батерии држат 21,9% од пазарот, што е нешто повеќе од 21,8% од пред една година.