Во блок-трансакција вредна 51.500.000 денари денеска на Македонската берза се продадоа 10.000 акции од Комерцијална банка АД Скопје.
Акциите се продадоа по цена од 5.150 денари за акција.
Во последниот период акциите на Банката се едни од најактивните акции на берзата, особено со купувањето на голем број акции од страна на Адора Инжинеринг во мај, јуни и јули месец оваа година.