Централните банки на најголемите економии во Европската унија, Германија, Франција, Италија и Шпанија, во заедничко писмо ја повикаа Европската комисија да ја намали регулативата и да ги поедностави банкарските правила за да можат европските финансиски институции да се натпреваруваат со меѓународната конкуренција.
Банкарите бараат сеопфатна анализа која би можела да помогне да се обезбеди „рамноправно поле за игра“ со другите големи јурисдикции, велат гувернерите на гореспоменатите централни банки во документ што го видел Блумберг.
„Веруваме дека приоритет сега треба да биде да се развие сеопфатна проценка на правилата што важат за европските банки“, напишаа гувернерите Хозе Луис Ескрива, Јоаким Нагел, Фабио Панета и Франсоа Вилерој во писмо овој месец.