Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница донесе одлука за утврдување на малопродажните цени на горивата за наредните седум дена.
Според новата одлука од ноќеска на полноќ цените на горивата значително ќе поскапат. Така Еуросупер 95 поскапува за 2.00 денари, Еуросупер 98 за 2.50 денари додека Еуродизел за 1.50 денари.
- ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 69.50 (денари/литар)
- ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 72.00 (денари/литар)
- ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 64.00 (денари/литар)
- Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 53.50 (денари/литар)
- Мазут М-1 НС – 34.034 (денари/килограм)
Следната корекција на цената ќе се изврши следниот понеделник.