Државата повторно се задолжува. Владата бара нов заем преку три државни обврзници вредни дури 73, 8 милиони евра кои ќе се враќаат за три и 15 години објави Македонската берза за долгорочни хартии од вредност.
Првата обврзница е издадена на 19 октомври на сума од 22,6 милиони евра со рок на доспевање од три години и каматна стапка од 3,95 отсто.Втората обврзница е на сума од 9,38 милиони евра со рок на враќање од 15 години и камата од 5,6 отсто која е прилично повисока заради подолгиот рок на отплата.И третиот дел обврзници се на највисока сума од дури 31,72 милиони евра со камата е 5,6 проценти и рок на доспевање од 2039 година.Сите три oбврзници се без девизна клаузула.
На сметка на државата веќе легнаа и 500 те милиони евра од унгарскиот кредит а во најава е уште еден трансфер во ист износ следната година.
Со новите задолжувања проекциите покажуваат дека јавниот долг до крајот на годинава ќе надмине 60 проценти од БДП.Или според проценките од новите документи на Министерството за финансии, годинава ќе заврши со ниво на јавен долг од 66,4 отсто.
„Во 2025 година се очекува умерен пад на 65,2 отсто а опаѓачкиот тренд ќе продолжи во периодот 2026 – 2028 г. од 63,5 до 60,4 и во 2029 година се очекува да се стабилизира на 60 отсто од БДП. – се наведува во новиот документ на „Стратегијата за управување со јавен долг”.
Според министерството за финансии во следните пет години Владата ќе треба да врати 6 милијарди евра на домашните и странски кредитори.Следната година доспева долг од 1,23 милијарди евра ,во 2026 ќе треба да се вратат 1,26 милијарди евра, 2027- 1,25 и во 2028 над 1,5 милијарда евра.790 милиони евра ќе треба да враќаат во 2029 година.Најголемите суми се по основ на еврообврзници.Ресорното мининистерство треба во следните четири години да исплати 2,4 милијарда евра само по основ на еврообврзница и по основ на главница без камата.
И покрај растечкото ниво на јавниот долг од Владата уверуваат дека задолжувањата не се неоправдани, а финансиската стабилност на државата нема да биде загрозена.