Новите прописи ќе му наштетат на медиумскиот плурализам ширум светот, како и иновативните бизнис модели во новинарството, предупредува Ричард Џингрес

 

Посебен дел од спорната директива за авторски права може да доведе до повлекување на услугата Google News од земјите во Европската унија, предупредува потпретседателот на агрегаторот на вести Ричард Џингрес, цитиран од Еурактив.

Официјалните претставници на ЕУ се очекува да разговараат за ова прашање и да постигнат договор за оваа директива подоцна оваа недела.

Членот 11 се однесува на клаузулата “соседски права” и т.н. ” “такса за врска”.

Неговата цел е да се принудат сите новинарски платформи да плаќаат на авторите на информациите за споделени податоци или фрагменти од нив, а тоа не ги исклучува и социјалните платформи.

Според Џингрес постои голема можност активностите на Google News во ЕУ да бидат прекинати во позадината на овие барања.

Коментарите на Гугл беа направени откако преговарачите на ЕУ веќе во четвртокот се подготвија да разговараат за прашањето за Член 11.

Поставените во 2014 година прописи од страна на шпанската влада доведоа до прекин на можноста за користење на врски (links) кон шпански новинарски статии во пребарувачот на Google.

Покрај тоа, кога Германија воведе мерки за заштита на авторските права во 2013 година, Google ги деактивира вестите за кои компанијата нема директно договарање.

“Постојат непредвидени негативни последици кои ќе го стават Google во позиција во која ќе треба да потпишува склучување на договори за авторски права меѓу самите автори на содржина”, истакна Џингрес, додавајќи: “Тоа ќе не стави во тешка позиција да одлучуваме кои издавачи да се изберат или отфрлат. ”

Тој сподели уште дека мерките предложени во Член 11, “би го намалиле драстично бројот на издавачи на содржина во ЕУ”, бидејќи американските платформи ќе се повлечат од помалите играчи на пазарот.

Тоа би му наштетило на медиумскиот плурализам низ целиот свет, како и на иновативните бизнис модели во новинарството, алармира уште Џингрес.