Вечерва по полоноќ нафтените деривати поскапуваат за 1,5 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Според оваа одлука, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 86,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 88,50, а дизелот ќе се продава по цена од 81 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 80,50 денари.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,801 денари за килограм во однос на претходно утврдената цена и од полноќ овој енергенс ќе чини 46,592 денари за килограм.
Новата одлука за зголемување на цените, од Регулаторната комисија ја оправдаа со зголемувањето на цените на нафтените деривати на светските берзи.