А на социјалните медиуми од синоќа се шири нов повик за бојкот но не на сите туку само за двата големи маркети Тинекс и Веро.

Се повикуваат граѓаните денеска да се воздржат од купување на производи од овие два маркети додека за петок повторно се најавува бојкот на сите колеми синџири, а истиот е насловен како „Црн петок“ за маркетите.

На бојкотот во петокот граѓаните беа со поделени мислења околу тоа дали треба ваква акција и дали истата ќе вроди со плод.

Дел од нив пак рекоа дека се подготвени истата акција да ја спроведат и по неколку дена.

Бојкотот за воздржување од купување од големите маркети беше поттикнат од Хрватска, а за кратко време се прошири низ речици сите екс ју држави.

Граѓаните од регоинот велат дека крајно време е да се каже не на профитирањето врз грбот на граѓаните и повикуваат во овие денови да се купува од малите трговци со цел да се изврши притисок за намалување на цените на храната.