Многу од граѓаните не се доволно информирани за активните мерки за вработување. Голем дел од нив не се пријавуваат во агенцијата за вработување затоа што не се убедени дека на овој начин ќе најдат работа. Ова се само дел од заклучоците добиени при теренското испитување кое било спроведено во две населени места во струмичко од страна на здружението ЕСЕ во партнерство со акцијата Здруженска и организација на жени. Истражувањето покажало дека само едно од 200 лица кои биле интервјуирани се вработило како резултат на активните мерки, а ниту едно не ги користело мерките за самовработување. 139 лица не се регистрираат како вработени, а дури 53% од тоа не го прават бидејќи сметаат дека услугите што ги нуди агенцијата не им помогнала да најдат работа.
,, Поголемиот број од испитаниците не се пријавуваат во агенцијата за вработување бидејќи претежно беа луѓе со повисока старосна структура и кои што се занимаваат со земјоделство. Сметаат дека пријавувањето во агенција за вработување би им било само товар. Се дојде до низа препораки од граѓаните од ова истражување од кои наголемиот број од испитаниците, односно 64% сметаат дека агенцијата за вработување треба повеќе да ги информира невработените за мерките и услугите, сметаат дека треба да се воведат повеќе мерки како за жени така и за земјоделци.,, вели Нетка Ковачева – организација на жени Струмица.
Од агенцијата за вработување во Струмица прифаќаат дека треба уште да се работи на ова поле, но не се согласуваат во целост со резултатите бидејќо истражувањето било направено само во две населени места, а тие го покриваат регион со четири општини.
,, Вкупно имаме 11 176 невработени при што се изготвени 1206 индивидуални планови за вработување на невработените лица кои што се ревидираат на секои шест месеци. Од нив 2796 лица се вклучени во услугите на центарот за вработување., вели Ристо Ангелов – директор на центар за вработување Струмица.
Истражувањето е спроведено во рамки на проектот„Социјална отчетност за родова еднаквост“,Имплементацијата финансиски е поддржана од страна ЕУ.