Граѓаните се повеќе купуваат преку Интернет. Онлајн нарачките пораснале за скоро 30% во споредба со минатата година.
Македонците во првото полугодие годинава потрошиле 84 милиони евра за да купат преку интернет. Забележан е и раст на интересот за купување од домашните онлајн продавници.
Земајва има потенцијал за раст, но недостигаат решенија за целосно регулирање на е-пазарот. Преку закони и стратегии надлежните најавуваат поголема контрола и фокус на електронската економија.
– Предизвик за домашните компании е нелојаната конкуренција во е-трговијата. Се работи на акциски план за да се адресира и да се намали даночната евазија а со тоа да се помогне тие средства да одат кај регистрирани е-трговци бидејќи е тешко менаџирањето на продавница за е-тргоивја и ние како влада треба да им го олесниме патот на малите и средни компании за да можат да растат и да ги пласираат производите и надвор, рече Нина Ангеловска, министер за финансии.
– Клучно е да се инвестира во овој сегмент и од страна на државата и од страна на приватниот сектор и тоа го правиме и бројките покажуваат дека ова е иднината на еконмскиот развој на нашата земја, порача Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.
Во земјава има околу 1 960 регистрирани електорнски трговци. Над 400 учесници присуствуваа на втората конференција за е-трговија.