Соопштение за медиуми,
15 Април 2019 година
Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж.
Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба.
Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот.
Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства.
Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително.
НЛБ Банка АД Скопје