Градежната активност паѓа на минимум алармираат градежниците. Во март биле издадени 45% помалку дозволи за градба споредено со истиот месец лани. За да се подобри состојбата во секторот од бизнисот бараат да не се доцни со издавањето на одобренијата за градба. Исто така сметаат дека државата треба итно да го продолжи рокот за ДДВ од 5 отсто при прва продажба на станови до 2023. Во спротивно тие нема да можат да го издржат зголемениот данок. Обемот на работа ќе им се намали, ќе мора да отпуштаат работници и да ги зголемат цените на становите.
Од Комората потенцираат да се внимава со најавеното поништување на деталните урбанистички планови во одредени општини.
Повластената даночна стапка за градежниците важи до крајот на годинава. Состојбата во градежништвото веќе подолг период е неизвесна а секторот е е важаен за економскиот арст на змејава. Учествува со 10 отсто во БДП и во вкупниот број на вработени.