На месец дена пред стартот на бербите, градинарите од струмичко не знаат по која цена ќе ги продаваат црвените пиперки. Нема договорено производство заради што бараат средба на сите вклучени во процесот да се договорат откупните цени…

На месец дена пред стартот на бербата на црвените пиперки во струмичко, земјоделците бараат одговор по која цена ќе се откупува. Пиперката е суровина за преработувачките капацитети во земјава а добар дел се откупува и за странство. Земјоделците бараат средба за да знаат за потребите на пазарот.

Панов бара за време на екот на сезоната почитување на законот за неделни откупни цени при што ги повика инспекторите почесто да бидат на терен, кај откупните пунктови.

Договореното производство тешко функционира во Југоистокот, заради што честопати се случува земјоделците да излегуваат на протести, незадоволни од пласманот и откупните цени.