Од изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите држави, реалниот БДП најбрзо порасна во четвртиот квартал на 2017 година и во вториот квартал од 2018 година.

Растот на реалниот бруто-домашен производ (БДП) на најсилната економија во светот, Соединетите држави, расте со најбрзо темпо за време на владеењето на сегашниот претседател Доналд Трамп во четвртиот квартал од 2017 година и вториот квартал на 2018 година. Во текот на двата периоди, реалниот раст на БДП во Соединетите Држави достигнува 3,5 проценти, според статистиката.

Од првото тримесечје на 2011 година до второто во 2019 година, американската економија забележа најлоши перформанси во првиот квартал на 2014 година, кога порасна само со 1,1 процент. Реалниот БДП падна повторно во првиот квартал на 2011 година за 1% и во третиот квартал од истата година за 0,1%.

Највисок раст е забележан во вториот квартал на 2014 година – 5,5%, при што реалниот БДП се зголеми за 5% во јули-септември истата година.

Најбавен раст во САД се има забележано во четвртиот квартал на 2015 година – 0,1%, а потоа следат третиот и четвртиот квартал од 2012 година и вториот квартал од 2013 година (0,5%).

За време на владеењето на претседателот Доналд Трамп, реалниот БДП порасна со најбавно темпо во четвртиот квартал на 2018 година.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк