Португалската звезда заработи 47,8 милиони долари од платени публикации на платформата во минатата година

Откако португалската суперзвезда Кристијано Роналдо го изврши трансферот од Реал Мадрид во Јувентус, неговата годишна плата беше во износот од 34 милиони долари, покажуваат податоците на Goal.com.

Колку и да е оваа плата, петкратниот добитник на трката за ФИФА фудбалер на годината всушност заработува многу повеќе пари од платените постови на Инстаграм. Барем тоа го покажува студија Buzz Bingo на Hopper HQ, објавена од Business Insider.

Според анализата, Роналдо заработил 47,8 милиони долари на платени објавувања на Инстаграм во текот на изминатата година, што го прави најпрофитабилен на платформата.

Поради неверојатниот број на луѓе до кои стигна Инстаграм, некои компании имаат тенденција да дадат и над 1 милион долари за објава, а играчот добива во просек по 975 000 долари за секоја платена објава на својата сметка.

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк