Бовин A’gupka Vranec, прогласено за едно од најдобрите вина на светот во својата категорија.

grand-gold-za-bovin-2012-a-gupka-vranec-01.jpg

Голем интернационален успех на македонската винарија Бовин. Оваа година во која Бовин прославува јубилеј 20 години од своето постоење, добиено е престижното признание Grand Gold, на еден од најважните вински натпревари во светот MUNDUS VINI, кој се одржува во Германија, а на кој учествуваат вина од целиот свет.

Винаријата Бовин наградата ја доби за црвеното вино 2012 A’gupka Vranec со потекло од Тиквешкиот регион, и се најде меѓу 33-те победници.

grand-gold-za-bovin-2012-a-gupka-vranec-02.png

Бовин исто така е добитник и на наградата MUNDUS VINI “Best of Show” award.

Високо квалификувано меѓународно жири составено од 270 вински експерти од целиот свет, енолози, винопроизводители, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари од 44 различни земји, повеќе од 6 дена, на “слепо” (blind testing) дегустираа, евалуираа и оценуваа 6770 вина, од над 150 вински реони од различни делови на светот, вина од познати вински региони од Австралија, Аргетина, Чиле, САД, Франција и многу други земји.

Вината се оценуваа според категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус, и се евалуираа во согласност со стандардите за оцена на Меѓународната организација за вино (OIV), која е признаена и од Интернационалната Унија на Енолози (UIOE).

Важно е да се напомене дека Бовин и минатата 2017 година доби златен медал за виното My Way на истиот натпревар.