Тој е во сопственост на грчкиот фонд за развој на имот

Грчката влада донесе одлука за „непосредна продажба“ на 30 проценти од акциите на Меѓународниот аеродром „Елефтериос Венизелос“ во Атина, во сопственост на грчкиот фонд за развој на имот, јавува АНА-МПА.

Одлуката е донесена на состанокот на Владата и економскиот совет, со кој претседаваше премиерот Киријакос Мицотакис.

Министерот за финансии Христос Стајкурас по состанокот рече дека, во владината идеологија, приватизациите се сметаат како алатка за економски развој, под услов тие да се извршуваат во целосна транспарентност и во согласност со јавниот интерес, а не само како начин за зголемување на приходите на владата.
“Денес, спроведуваме уште едно ветување што го дадовме. Ова е прв процес на приватизација на сегашната влада. Треба да се напомене дека ветувањата за извршување на одредени приватизации беа направени и од претходната влада, но секако тие никогаш не беа исполнети.” додаде тој.

Извори на Министерството за финансии соопштија дека се дадени упатства на Фондот за развој на имотот веднаш да продолжи со постапката на наддавање за аеродромот, што започна на 28 јуни. Крајниот рок на аукцијата беше закажан за 30 септември, но може да се продолжи.

Една пречка, според изворите, е барањето, по продажбата на уделот од 30%, грчката држава да има две места на управниот одбор на аеродромот, од кои едната мора да биде претседател на бордот, соопшти агенцијата.

 

Забрането превземање на содржината без согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк