Грција ја зголемува својата минимална плата за првпат во скоро една деценија.
Премиерот Алексис Ципрас вчера објави дека стандардната месечна плата ќе се зголеми за 11 отсто, од 586 на 650 евра – потег, за кој вели дека ќе ја “оживее” реалната економија. Минималната плата, за оние под 25 години, исто така, ќе биде укината. Сега зголемувањето мора да биде одобрено од парламентот. Грција излезе од својата трета и последна транша финансиска помош финансирана од ЕУ во август.