Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис рече дека неговата земја наскоро ќе ги укине последните ограничувања наметнати на штедачите во банките пред повеќе од четири години, во екот на финансиската криза во земјата.

Укинувањето на капиталните контроли следната недела ќе стави крај на долгиот „циклус на нестабилност“, рече Микотакис, пренесува АП.

Ограничувањата главно се однесуваат на трансфери на средства во странство, како за физички лица, така и за деловни активности.

Грчките власти воведоа контрола на капиталот во јуни 2015 година за да се спречи одливот на пари од банките, бидејќи штедачите на паника направија масовни повлекувања во пресрет на финансиската криза.

На штедачите првично им беше дозволено да подигаат 60 евра на ден, но оваа граница постепено се укинуваше и последователно се крена.

Грција добиваше пакети за меѓународна помош од 2010 до 2018 година.

 

Забрането превземање на содржината без претходно одобрение од редакцијата на БанкоМетар.мк