Севкупно, долгот на 19-те земји од еврозоната падна на 85,1% од БДП во 2018 година
Долговите на повеќето европски земји се намалуваат во изминатата година, но само две “проблематични деца” – Италија и Грција не постигнаа напредок.
Долгот во Грција се зголемува на 181,1 отсто од бруто домашниот производ, според податоците објавени од Еуростат денес.
Ова е најлошата вредност на поединечна земја во еврозоната. Во 2017 стапката беше само 176,2% од БДП. Зголемувањето главно се должи на нови заеми од партнери во еврозоната.
Сепак, во последните квартали, грчката економија повторно расте. Затоа владата во Атина сака да му исплати милијарди евра на Меѓународниот монетарен фонд предвреме.
Во Италија, која ја водат популаристи и критичари на ЕУ, долгот се зголеми на 132,2% од БДП. Во 2017 година долгот беше 131,4%. Владата во Рим има намера да ја промовира хронично слабата економија со генерирање на повеќе трошоци, но влезе во жестокиот спор со Европската комисија.
Финансиските пазари се делумно загрижени за евентуалната нова должничка криза во Европа која доаѓа од Италија.
Всушност, договорите на ЕУ дозволуваат долг до 60% од бруто-домашниот производ.
Севкупно, долгот на 19-те земји од еврозоната падна на 85,1% во 2018 година. Во 2017 година сѐ уште беше 87,1%.
Според Еуростат, минатата година водечката економија – Германија имала долг од 60,9% од БДП (64,5% во претходната година), што е близу до доближување на државниот долг до 60% од БДП. Франција се задржа на 98,4%.
Денешните податоци покажуваат дека 13 земји во ЕУ имаат суфицит, а има 14 земји со дефицит (Ирска е со избалансиран буџет). Кипар има дефицит од над 3 отсто од БДП, а Романија – само 3 отсто. Поголеми економии со вишок се Германија и Холандија, додека Грција, исто така, објави суфицит од 1,1%. Во просек, буџетскиот дефицит во еврозоната изнесува 0,5% од БДП.
“Генерално, Источна Европа и понатаму има помал долг од Западна Европа, иако Унгарија и Романија известуваат за високи дефицити дури и во годините на активните деловни циклуси”, изјавија од Индустрискиот комитет на Еуростат.