Со цел да привлече богати инвеститори и да го забрза економскиот раст на земјата, Грција ќе им даде на сите што ќе платат 100.000 евра, престој и пасош.
Имено, владата во Атина уште од почетокот на мандатот се обидува да најде нови начини да ја зголеми својата економија и, како што пишува „Блумберг“, се сети на т.н. не-домашна програма. Станува збор за статусот на лице кое живее во одредена земја, кое не мора да плаќа даноци на заработените пари надвор од државата. Програмата е инаку многу популарна во Обединетото Кралство. Сепак, бидејќи таа земја нема да биде членка на Европската унија, Грција со тоа би станала примамлива опција.
Со новата програма, инвеститорите кои се преселуваат во Грција би платиле 100.000 евра еднократен „данок“ и уште по 20.000 евра за секој член на семејството. Тие би требало да поминат најмалку 183 дена годишно во Грција и би биле обврзани да инвестираат 500.000 евра во грчката економија во текот на првите три години од нивниот престој таму.
За инвеститорите кои би инвестирале 1,5 милиони евра во Грција, исплатата за престој би се намалила на половина, додека инвестицијата од три евра би значело дека грчки пасош, или пасош на Европската унија, би ги чинело 25.000, наместо 100.000 евра.
Со цел да се спречат идните влади да ги променат условите, воведена е клаузула за спречување на ова и програмата ќе трае 15 години.
Вториот и посебен предлог е дизајниран да привлече што повеќе компании во Грција. Тој, сепак, значи дека една компанија ќе треба да плати еднократен данок од 15% на седиштето во таа земја-членка на ЕУ.
Иако се различни, двата планови имаат за цел да ги охрабрат инвестициите во технолошкиот сектор, создавањето работни места, намалување на даноците за менаџерските позиции и привлекување на што поголем број луѓе во Грција додека се бори со одливот на население.
Покрај тоа, Владата го започна долгоочекуваниот проект „Хелиникон“, кој треба да го претвори напуштениот аеродромски простор во голема населба во близина на Атина. Проектот веќе го лиценцираше канадскиот „Елдорадо голд“ и во тек се планови за брзо спроведување на програмата за приватизација.
Сето ова, на крајот на краиштата, според проценките на владата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, ќе доведе до посакуван економски раст од 2,8 проценти следната година, за кој кредитните и другите институции го прогласија за крајно оптимистички.
Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк