Исто како што Грција се движеше самоуверено во раст, по повеќедецениска криза која ја чинеше земјата четвртина од економијата, ефектите од коронавирусот врз виталниот туристички сектор се заканија дека ќе го попречат закрепнувањето, пишува Блумберг.

Индустријата е одговорна за околу една петтина од економијата на нашиот јужен сосед и повеќе од една четвртина од работни места, според Светскиот совет за патувања и туризам во Лондон. Ова ја прави втора најранлива земја во Европската унија по Кипар и сигнализира дека Грците ќе имаат поголема економска болка.

Владата веќе нареди голем број на сместувачки капацитети да бидат затворени, вклучувајќи половина од хотелите. Откако луѓето се упатија кон брегот заради невообичаеното топло време, плажите беа затворени и во неделата.

„Сите кревети се зафатени, но половина од луѓето не се појавија и од сега се ќе се влошува“, вели Хелен Михал, сопственик на хотел со 25 соби во близина на центарот на Атина. „Луѓето се исплашени“.

Во Грција има 352 потврдени случаи на коронавирус и четворица мртви. Владата ги затвори сите училишта и универзитети до 24 март. Властите ги објавија првите мерки за омекнување на економското влијание врз компаниите, а родителите можат да земаат платен одмор додека училиштата се затворени.

Михал, кој води еден од скоро 10.000 хотели во Грција, вели дека 20% од патувањата се веќе откажани. „Имавме многу резервации до крајот на април, вклучително и Велигден, но ситуацијата е лоша и веројатно ќе продолжи до мај“, вели тој. „Тогаш, последното нешто за кое луѓето мислат е нивниот летен одмор“.

Во 2019 година грчките хотели имале приходи од 8,7 милијарди евра, што претставува зголемување за повеќе од 7% во однос на 2018 година. Бројот на странски туристи достигнал 31,3 милиони, што е скоро три пати повеќе од популацијата на земјата.

Епидемијата доаѓа во тешко време за Грција. Иако нацијата профитираше од најнискиот интерес за суверен долг во историјата пред вирусот да ги зголеми своите нивоа, реалната економија сè уште страдаше.

Владата предвиде раст од 2,8% во 2020 година, но според економистите, проширувањето на економијата тешко ќе достигне 2% во позитивно сценарио. Растот може да забави до 0,9%, во зависност од тоа колку ќе трае епидемијата, соопшти и грчката Алфа банка.