Народната банка имаше вонредна седница на Советот и донесе низа мерки со цел банкарскиот систем да се фокусира кон кредитирањето на фирмите погодени од кризтата од коронавирусот, посочи гувернерката на Народната Банка, Анита Ангеловска-Бежовска.
„Вчера имаше вонредна седница на Советот на Народната банка на која се разгледуваа дополнителни мерки за поддршка на економијата. Донесовме мерка за ставање во функција на инструмент кој го користевме во посткризниот период со поинаку димензинонирани сектори на кои им е потребна поддршка. За секторите се координираме и со владата. Сите нови кредити кои ќе бидат одобрени за погодените сектори и кредитите кои ги имаат веќе ќе имаат подобрени услови. Беше донесена одлука да се намалат регулаторните барања кои не се неопходни, а со што оставаме простор банките да се фокусираат кон кредитирањето на приватниот сектор. Во тек е методологијата за управување со кредитниот систем, со цел да се олеснат условите за реструктуирање на кредитите на погодените сектори, односно пормена на договорните услови, што може да вклучува намалување на каматна стапка, одобрување на грејс период и слично“, истакна Ангеловска-Бежовска.
Таа посочи дека банките продолжуваат да работат во функција на граѓаните и фирмите, апелирајќи да се избегнува посета на филијалите на банките. Таа посочи дека каде што е можно, граѓаните треба да користат картички за плаќање. Банките, како што рече таа, ги намалуваат провизиите за електорнско банкарство, а и самите тие ги укинале дел од провизиите кои ги земаат од банките.
„Макроекономската состојба во услови на ниски инфлуациски движења е стабилна. Стабилен е и банкарскиот систем, кој е клучен столб за одржување на финансиската стабилност во нашата економија. Податоците за првите два месеци укажуваат дека инфулацијата е во просек 0,7 проценти, нешто пониско од нашите очекувања, а се очекува таа да се задржи на ниско, умерено ниво и под нивото кое е проектирано“, посочи гувернерката.
Таа истакна дека девнизните резерви се на високо ниво, односно дека во моментов се двојно повеќе од нивото пред да започне кризата во 2008 година.
„Девизните резерви се на високо ниво, во моментов на ниво од околу 3 милијарди евра, односно речиси двојно повеќе од нивото во 2008 година, пред кризата да започне. Самиот овој факт упатува дека имаме високо ниво на девизни резерви. Причината за ова високо ниво на девизни резерви кое во ова време е многу значајно, е акомулација на девнизи резерви, особено во последните две години, кога на годишно ниво растеше во просек тастеше за 450 милиони евра. Имаме адекватно ниво на девизни резерви и не постои ризик во однос на стабилноста на девизниот курс“, рече Ангеловска-Бежовска.
Таа посочи дека е намалена и основната каматна стапка, со цел да се поттикне солиден кредитен систем.
„На 16 март, на вонредна седница на Комитетот за монетарна политика беше одлучено да се намали каматната стапка, на исторски најниско ниво во нашата држава. Гледајќи го и ризикот од коронавирусот, Централната банка ја намали основната каматна стапка за 0,25 проценти, со цел да се поттикне солиден кредитен економски циклус насочена кон корпоративниот сектор и населението“, истакна гувернерката на Народната банка.