Во ексклузивното интревју за ТВ 24, Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска откри дека веќе потпишала претходна согласност за преземање на Охридска Банка од страна на австриската банкарска групација Штаермеркише Банк унд Шпаркасен АГ Грац, во чија сопственост е и Шпаркасе банка Македонија.

Со согласноста од гувернерката на Народната банка се создаваат услови за реализација на финалната фаза – купопродажните транскации. Ова банкарско окрупнување на нашиот пазар треба да донесе нов импулс за раздвижување на конкуренцијата.

Во продолжение погледнете ја целата изјава на гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска.